Договорена соработка за Олимписките игри во 2024 година на македонските и црногорските мајстори

Деновиве во Скопје имаше работна средбана претседателите на Џиу џицу федерацијата на Македонија (ЏЏФМ), Александар Ацевски и Ранко Вукотиќ, Црногорска џиу џицу федерација (ЦГЏЏФ), вооедно и одличен карате мајстор, и нашиот истакнат карате мајстор Зоран Пејов, како и заменик претседателот на ЦЏЏФ Драшко Трниниќ.

На средбата се разговарше за унапредување на соработката за што подобро претставување на големите светски натпревари. Исто така се разменија мислења за најавите дека џиу џицуто ќе биде дел од Олимписките игри во Париз 2024 година.

Во таа насока како големо позитивно искуство се посочи Големиот балкански карате семинар кој пред две недели се прошири и во четврта земја на Балканот- Црна Гора, во преубавата Будва. Црпењето на искуствата од најдобрите е добробит за боречките спортови кои овозможуваат напредок и постигнување на врвни резултати.

Наскоро треба да се усогласат деталите околу соработката.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО