Поветкин проговори по поразот

Рускиот профи боксер Александар Поветкин го даде првото интервју по поразот со нокаут во седмата рунда од британскиот хегемон во тешката категорија Ентони Џошуа.

Состојбата на Поветкин ги загрижи неговите навивачи, бидејќи се виде дека добива прва помош во рингот по бомбардирачките удари на Џошуа пред нокаутот, дури беше наредено да му биде поставена маска за кислород за да дише. Тоа беше првиот нокаут-пораз за Потеткин, кој има 35 победи во кариерата.

„Со моето здравје сè е нормално, само аркадата ми ја зашија. Нокаутот не беше тежок, сè беше нормално“, рече Русинот. По борбата беше посетен во соблекувалната од Џошуа кој му се заблагодари за здравата битка и му посака успех во иднина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО