Гого Славески: Го осетив Џексон дека удира силно, што значеше дека до четвртата ќе мора да се измори!

Македонскиот боксер Гого Славески (5 – 0, 3 КО) кој гради професионална кариера во САД вчера ја забележа петата победа во суперсредна категорија, трета со нокаут, против Динтвен Џексон.

Горјан – Гого во петата профи борба ја забележа петата победа, а трета со нокаут во суперсредна категорија. Кон крајот на третата рунда тргна во серија од неколку удари кои завршија во брадата Џексон и падна на подот.

„Противникот беше многу подготвен. Тој беше олимписки квалификант, со мојот поранешен спаринг партнер, па знаев што ќе прави. Целта беше да останам смирен, без оглед на тоа што ќе се случи. Во првата рунда го осетив дека удира силно, што значеше дека до четвртата ќе мора да се измори. И тоа и се случи. Го погодив со левата и го завршив со дожд од удари“, изјави Гого Славески за Ипон.мк по петата победа на професионалниот ринг во САД.

 

Тој се надева дека следната борба ќе е во ноември и ќе биде во шест рунди. Во  периодов што следува се враќа на истата рутина на тренинзи како и досега.

https://www.facebook.com/gogo.slaveski/videos/2260169570663290/

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО