Дмитри Бивол наскоро ќе ја брани титулата против Умар Саламов

Првакот на ВБА во полутешка категорија, Дмитри Бивол (18-0, 11 КО) требаше во октомври да го дочека Џо Смит Јуниор, сопственикот на ВБО појасот, но Американецот го откажа мечот бидејќи се зарази со Ковид-19.

Последниот меч Бивол го имаше во мај кога со одлука на судиите го совлада Британецот Крег Ричардс.

Рускиот боксер со киргистанско потекло закажа настап на 11 декември во Екатеринбург против сонародникот Умар Саламов (26-1, 19 КО).

Саламов има седум победи во низа, а во последниот меч во април го совлада Сергеј Екимов.

А за Бивол најдобар меч би бил против Артур Бетербиев кој би ги обединил трите титули.

Но тој меч во моментов не е планиран. Борбата за обединување на титулата веројатно ќе се сметаше доколку Бивол и Смит боксираа во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО