Мек Грегор со фотографија од тренинг и најави враќање: Веднаш ќе се борам за појасот

Откако ја скрши ногата на УФЦ 264 во јули, Конор Мек Грегор заврши на тричасовна операција.

Првите лекарски прогнози беа дека на Ирецот ќе му треба најмалку една година да се опорави, но се чини дека борбите ќе им се врати неколку месеци порано.

Закрепнувањето на ѕвездата на УФЦ оди одлично, а тој го потврди тоа со фотографија од неговиот последен тренинг.

„Нема проблем да се вратам по повредата. Тоа нема да биде проблем. Веќе бев добро подготвен. Еве фотографија од мојот последен тренинг. Заштита на потколеницата околу мојата лева нога поради скршеница“, напиша тој во објава на Твитер, а потоа додаде:

„Постојано повторуваат како моето насобрано богатство го изгаснало огнот во мене. Тие грешат“.

Во една порака тој се осврна на колегите кои се повлекле или се откажале од борбата.

„Јас и ти што се повлекуваме од борба не сме исти! Вие сте како девојки, а јас сум како челик. Играта само што започна. Оваа војна ја прогласувам за вечна! Мек Грегор засекогаш“, изјави Конор Мек Грегор.

Ирецот најави враќање, и дека веднаш ќе бара борба за титулата во лесна категорија.

„Ќе се борам со кој има шампионски појас во лесна категорија. Помирете се со тоа. Тргнете ги очилата, трилогијата сè уште не е завршена“, напиша Конор Мек Грегор во пораката на Твитер.

https://twitter.com/TheNotoriousMMA/status/1462846543489343502

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО