Дмитри Бивол е во потрага по нов противник откако Канело го потврди мечот против Головкин

Дмитри Бивол веќе е подготвен за нови предизвици откако Канело Алварез го одложи реваншот поради мечот против Генади Головкин. Борбата меѓу Канело и Головкин е закажана за 17 септември.

Рускиот боксер неодамна го победи Мексиканецот на настан во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите и го одбрани појасот светски шампион на ВБА (супер) во тешка категорија.

Тоа беше втор пораз за Канело во кариерата, кој пред девет години загуби од Флојд Мејведер. Апсолутниот шампион во суперсредна категорија во септември ќе ги брани појасите на ВБЦ, ВБА, ИБФ и ВБО против Головкин во трилогија.

Нивниот прв дуел во септември 2017 година заврши нерешено, а во вториот, една година подоцна, победи Мексиканецот.

Бивол тргна во потрага по нов противник.

„Дмитри ги започна подготовките за следниот противник. Сè уште не знаеме кој би можел да биде, но тргнавме да го бараме. Веќе размислуваме за потенцијални кандидати“, изјави промоторот на Бивол Андреј Рјабински:

„Тој е дефинитивно еден од најдобрите боксери во светот денес. Физички е одлично подготвен, може да се концентрира на резултатот и има одлична техника“.

Канело повтори дека сака реванш против Бивол штом го затвори поглавјето со Головкин.

Во боксерските кругови кружат неколку имиња на потенцијални кандидати за борбата против Бивол.

Тука се и Жилберт Рамирез, како и победникот од мечот меѓу Артур Бетербиев и Џо Смит во мечот во кој ќе се бори за титулите во полутешка категорија на ИБФ, ВБЦ и ВБО.

Меѓу потенцијалните кандидати е Џошуа Буатси, кој минатата недела едногласно го победи Крег Ричардс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО