Дионтеј Вајлдер уапсен за поседување на марихуана

Полицијата во Тускалос во Алабама потврди дека Дионтеј Вајлдер бил уапсен во средата.

Полицијата го уапси светскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија во неговиот роден град поради поседување на марихуана.

Поради затемнетите прозорци е запрен, а потоа полицаецот ја намирисал марихуаната во кадилакот ескаладе.

Полицијата направила претрес на возилото и нашла помала количина на марихуана. Вајлдер добил прекршочни пријава и е ослободен со кауција од 1.000 долари.

Адвокат на Вајлдер Пол Патерсон вели дека марихуаната не му припаѓа на Вајлдер, туку некој кој го користел автомобилот додека тој не бил во градот.

Во 2013 година во Лас Вегас Вајлдер беше уапсен во текот на неделата на борбата Мејведер-Гереро поради насилство во семејството по физичка конфронтација со жена.

Тогаш адвокатот на Вајлдер изјави дека боксерот претерала, бидејќи се сомневал дека жената го краде, па се извини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО