Дионтеј Вајлдер тренира во Институтот УФЦ

Познатиот боксерски менаџер Шели Финкел, застапувајќи ги интересите на Американецот Дионтеј Вајлдер, проговори за враќањето на неговиот клиент во рингот. Финкел изјави дека Вајлдер моментално тренира во Институтот УФЦ во Лас Вегас.

Френсис Нгану пред неколку дена покажа кратко видео на кое се среќава со Вајлдер. Се поздравуваат пријателски, иако пред извесно време Нгану беше подготвен да ги одмери силите во рингот со Вајлдер.

Шели изјави дека многу брзо ќе биде објавена борба во која ќе се појави „Бронзениот бомбардер“.

„Разговарав со него неодамна и беше повеќе од среќен. Вајлдер одлично се забавува и добива повеќе внимание од кога било. Тренира во Вегас и е многу среќен што работи во салата на УФЦ.

Сè уште не сме сосема сигурни каде ќе се одржи следната битка. Верувам дека следната недела веројатно ќе имаме договор, а потоа и најава“, изјави Финкел за Сан.

Потсетуваме дека Вајлдер во својата последна борба загуби со нокаут во 11. рунда од Британецот Тајсон Фјури, претрпувајќи го вториот пораз во целата професионална кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО