Дионтеј Вајлдер со ново смешно објаснување за поразот од Тајсон Фјури

Дионтеј Вајлдер продолжува со нападите против шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури.

„Сè уште не слушнав логичен аргумент зошто му се нишаат ракавиците, зошто рацете му се во средина на ракавиците, зошто има рана во увото? Поради ноктите“, рече Вајлдер.

„Има толку многу различни факти и докази. Видов во првата битка како Рики Хатон ги влече раквиците за да ги стави рацете во погрешна позиција. Истиот метод го испробаа и на вторииот меч, но овој пат ми го изгребаа увото, поради што течеше крв.

Тајсон Фјури измами. Тој излажа. Фјури не беше подобар од мене. Испадна кукавица. Тој има репутација на измамник. И, ако сите знаат дека сте измамник, зошто да застанете сега? Ако имаш можност да измамиш и не го направиш, тогаш ќе се издадеш.

Ако му ја погледнете криминалната хроника и историјата на неговите измами, тој дури маме и во битката против Кличко. Така, тој не беше подобар во таа борба. Тажното е што сум толку добар во овој спорт што требаше да бидам измамен. Тоа ме прави уште посилен, а наследството ми е уште поголемо отколку што веќе е“, рече Бронзениот бомбардер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО