Вера и Алдо ќе се пресметаат идниот месец

Двајца од претендентите за титулата во перо категорија, Марлон Вера и Жозе Алдо, ќе се сретнат следниот месец.

Тие викендов требаше да се борат на УФЦ 255, но не успеаја да се усогласат навреме. Сега, двата табора се согласија за условите на мечот и борците ќе ги одемрат силите на 19 декември на УФЦ Фајт најт 185.

Алдо (28-7) ќе влезе во мечот по три последователни порази – најдолгата негативна серија во кариерата. Два од овие порази беа во петел категорија, од Пјотр Јан и Марлон Мораеш, а третиот, што всушност ја започна серијата, беше од шампионот во перо категорија, Александар Волкановски.

Вера (16-6-1) е во победничка серија по шест последователни победи во петел, иако загуби од Сонг Јадонг во перо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО