Дионтеј Вајлдер објави дека ќе се бори со Луис Ортиз

Деонтај Вајлдер (41-0-1, 40 КО) официјално објави дека во следната борба ќе ја брани титулата на ВБЦ против неговиот поранешен противник Луис Ортиз (31-1-2, 26 КО).

„Бронзениот бомбардер“ не кажа кога и каде ќе се случи нивната борба, но наскоро ќе биде јасно. Тие се бореа минатата година. Вајлдер имаше многу проблеми, но успеа да го нокаутира Ортиз во 10-тата рунда. Вајлдер по овој меч имаше уште две борби, при што средбата со Тајсон Фјури заврши нерешено, а неодамна го нокаутира Доминик Бризил. Ортиз, пак, забележа три последователни победи, убедувајќи го Вилдер дека заслужува реванш.

„Сакам да споделам со сите мои фанови дека со Луис Ортиз се разбравме и потпишавме договор за реванш. Наскоро ќе бидат објавени местото и датумот на средбата. Што е можно побрзо морам повторно да победам во реваншот, затоа што беше контроверзна првата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО