Џошуа: Ако Руиз провоцира, ќе му ја скршам вилицата

Ентони Џошуа во сабота дебитира во САД во легендарниот „Медисон сквер гарден“ во одбраната на титулата во тешка категорија. Противник на Британецот ќе му биде Американецот, Енди Руиз, кој во борбата влезе како замена за Џарел Милер.

Пред мечот, популарниот „Еј Џеј“ го предупреди противникот да не зборува и провоцира, затоа што ќе му ја скрши вилицата.

„Ако Руиз провоцира, ќе бидам принуден да му ја скршам вилицата и да го повредам. Но, ако сака добар меч, прав боксерски дуел и да се поздравиме по мечот, тогаш подобро за него ќе биде да не зборува многу“, изјави Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО