Дионтеј Вајлдер ќе бара совет од Владимир Кличко

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, кој на 2 декември ќе се сретне со Тајсон Фјури, подготвен е да побара совет од Владимир Кличко пред борбата со „Кралот на Циганите“. Тој призна дека до овој момент ниту тој, ниту луѓе од неговиот тим контактирале со украинската легенда, но многу е веројатно дека ќе го стори тоа.

„Ова е одлична идеја. Се поготвувам како и обично, ги користиме сите наши знаења. Тренинзите на мојот камп беа одлични, како и завршената работа, но е многу веројатно да поразговараме со Владимир за тоа што мислел пред и за време на борбата, како се чувствувал. Што го натерало да боксира не на начинот на кој што може? Мислам, ако Кличко се бореше како може, резултатот од мечот со Фјури ќе беше сосема друг“, изјави Американецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО