Александар Димовски – Димса загуби од Никола Филиповиќ во полуфиналето на тешкашкиот турнир на четиримината „Роуд ту ОНЕ Србија“ кој е официјална квалификацијаза азиската промоција ОНЕ Чемпионшип. Тој е поразен со нокаут во третата рунда.
Димовски на Фејсбук се обрати по борбата.
„Дечки, 2-3 збора да кажам по борбата. Резултатот е таков како што е и нема каење. После 2-годишна пауза многу се осети отсуството од рингот). Бев подготвен колку што можев да се подготвам во услови на карантин.
Фала ви за целата поддршка и позитивната енергија пред мечот. Навистина, премногу ми значи и ми даде екстра мотивација.
Фала до екипата што беше со мене на чело со председателот на КМФМ Дејан Митровски-Урко, Драган Атанасовски и борците Бобан Илиоски и Дарко Најдов.
Фала до КБК ЕНЕРГИ и енерги фитнесс центарот.
Поздрав до целата моја фамилија, ве сакам сите(без секирации, ќе ве молам).
НАТАША, НАТАНИЕЛ и МАРИЈА тил д енд оф тајм“.