Илиоски победи со ефектен нокаут на спектаклот во Белград, Димосвки и Најдов поразени (ФОТО)

На синоќешниот кик бокс спектакл „Роуд ту ОНЕ“ во Белград македонските кикбоксери се претставија во добро светло и покрај сите проблеми што беа предизвикани од пнадемијата на коронавирусот Бобан Илисоки забележа ефектна нокаут победа против Месуд Селимовиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 84 килограми во К-1 во ВАКО про. Александар Димовски – Димса и Дарко Најдов се поразени.

Димовски настапи на тешкашкиот турнир на четиримината „Роуд ту ОНЕ Србија“ кој беше официјална квалификацијаза азиската промоција ОНЕ Чемпионшип, при што во полуфиналето се сретне со светскиот и европски првак Никола Филиповиќ од Србија.

Додека Дарко Најдов влезе како замена против Тео Алваро.

„На Дарко Најдов борбата излезе непланирано два дена пред да се одржи настанот, така што тој влезе како замена на повреден борец и добро издржа со оглед на тоа дека воопшто не се подготвуваше за мечот“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко и додава:

„Александар Димовски се подготвуваше колку што дозволуваа условите за тренирање со затварањето на салите во нашата земја поради примена на мерките со корона пандемијата. Условите за тренирање му беа крајно отежнати, најмногу поради немањето спаринг партнери за да ги одработи тренинзите. Повеќе работеше сам, сепак добро се држеше како за борба со еден светски и европски шампион“.

Митровски вели дека Бобан Илиоски прикажа офанзивна борба во неговиот препознатлив стил кој нему му лежи, влегувајќи во рингот уверен дека ќе бобеди .

„На противникот му направи таква пресија што тој воопшто не можеше да возврати ниту еден удар, така што Боби ја доби борбата во првата рунда со нокаут со колено во глава“, истакнува Митровски со порака:

„Боби секојдневно напорно тренира и во периодов ги прифаќаме сите понудени борби за да се подготви за престојното Светско ВАКО првенство оваа година, бидејќи светската титула веќе 3 години по ред за влакно му бега. Оваа година ја има зацртано да ја освои“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО