„Работата на раководството и упорноста на спортистот носат резултат! Бронзен медал за Петар на Европско младинско првенство! Горд сум за овој втор европски медал за време на мојот мандат на чело на боксерскиот спорт“, напиша на Фејсбук претседателот на Боксерската федерација на Македонија Примислав Димовски откако завчера Петар Арсовски го освои бронзениот медал на Европското бокс првенство во Софија.
Арсовски се бореше за влез во финалето, но загуби со судиска одлука, но сепак постигна голем успех за Македонија и македонскиот бокс.
Инаку, првиот медал во мандатот на Димовски е бронзата на Ардијан Аземи на ЕП за јуниорска во Будва, Црна Гора, во 2020 година.
Со освојувањето на бронзениот медал Петар Арсовски се запиша во историјата на македонскиот бокс и се нареди до имиња како што Примислав Димовски, Фатон Салиху, Дарко Чатлески, Денис Георгиевски и Ардијан Аземи.
Првиот медал на европските првенства за Македонија е освоен пред 27 години од Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година за кадети, бронза. Во истата конкуренција на ЕП во Битола 1997 година освоивме три медала – 1 златен и 2 бронзени. Фатон Салиху го освои златниот, а Дарко Чателски и Денис Георгиевски бронзените. Во 2020 година Ардијан Аземи во Будва, Црна Гора, го освои бронзениот медал во јуниорска конкуренција, прв за Македонија кај јуниорите.
Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.
Европско првенство за млади:
54 кг
Петар Арсовски – Матус Јаницек (Словачка) 3-2
Петар Арсовски – Ремус Велис Антонио (Грција) 5-0
Полуфинале
Петар Арсовски – Љубослав Методиев (Бугарија) 0-5