Сехудо до Волкановски: Ти доаѓам по главата!

Хенри Сехудо е повеќе од подготвен да дебитира во перо категорија.

Поранешниот двоен шампион на УФЦ сака да се бори со Александар Волкановски и верува дека може да ја освои титулата. Освојувачот на златниот медал на Олимписките игри во борење верува дека направил повеќе од доволно за да се бори за титулата, и покрај тоа што добива критики.

Сехудо неодамна најави враќање во ММА. Тој влезе во базата на податоци на УСАДА и има 6 месеци да даде чисти примероци. Хенри ќе може да се бори на крајот на годината. „Трипл Ц“ има рекордни 16-2 во ММА и е во серија од 6 последователни победи.

Тој е поранешен УФЦ шампион на муви и петел. Хенри пред две години ја заврши кариерата откако ја одбрани титулата со победата над Доминик Круз. Во интервју за ММА њуз, Сехудо рече:

„Не ми кажувајте дека не направив ништо во перо категорија за да се борам со Волкановски. Јас сум олимписки шампион. Бев најмладиот човек во историјата кој освоил златен олимписки медал.

Го победив најголемиот борец на сите времиња, Деметриус Џонсон. Ги бранев двете мои титули во УФЦ. Па брат, ајде да го направиме тоа. Стави го твојот ебен потпис на договорот. Сè е едноставно и јасно.

Волкановски рече дека сака да се бори во лесна категорија. Тој не се докажал во оваа категорија за да ја бара титулата. Ги одбранив двата појаси и дури потоа се пензионирав.

Конечно, човече, доаѓам по неговата глава. Подготвен сум да испишам историја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО