Петар Арсовски освои бронзен медал на Европското првенство во бокс (ВИДЕО)

Петар Арсовски (-54 кг) го освои бронзениот медал на Европското првенство за млади во Софија, Бугарија, откако во полуфиналето загуби со судиска одлука од домашниот боксер Љубослав Методиев.

Првата рунда помина со клинчови и по некоја акција со задржување, а судиите сепак му дадоа предност на Методиев. Во втората Бугаринот боксираше со низок гард и одеше на брзи комбинаци 1-2, а Петар држеше дистанца и задавше директи. Судиите пак му дадоа предност на домашниот боксер.

Во третата рунда Методиев ја одржуваше стекнатата предност и повеќе трчаше во рингот, а после секоја акција, како и претхондо, одеше на држење. Петар беше поактивен, но не можеше да ја надополни разликата. Во оваа рунда еден судија му додели победа, но го загуби мечот со 5-0 (30-27, 29-28, 30-26, 30-27, 30-27).

Сепак, ова е голем усепх за младиот Петар кој се запиша во историјата на македонскиот бокс кој освоил медал на Европско првенство.

Првиот медал на европските првенства за Македонија е освоен пред 27 години од Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година за кадети, бронза. Во истата конкуренција на ЕП во Битола 1997 година освоивме три медала – 1 златен и 2 бронзени. Фатон Салиху го освои златниот, а Дарко Чателски и Денис Георгиевски бронзените. Во 2020 година Ардијан Аземи во Будва, Црна Гора, го освои бронзениот медал во јуниорска конкуренција, прв за Македонија кај јуниорите.

Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.

На ЕП учетсвуваат боксери од 39 држави со над 400 боксери и боксерки.

Европско првенство за млади:

54 кг
Петар Арсовски – Матус Јаницек (Словачка) 3-2 1/8 финале

Петар Арсовски – Ремус Велис Антонио (Грција) 5-0

Полуфинале

Петар Арсовски – Љубослав Методиев (Бугарија) 0-5

Борбата е на -10:00

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО