Џозеф Паркер потпиша договор за борба со Фјури

Поранешниот шампион на ВБО во тешка категорија Џозеф Паркер потпиша договор и ќе го замени Дилиeн Вајт. Ова ќе се случи доколку Крадецот на трупови реши да го откаже мечот со Тајсон Фјури во последен момент. Тие треба да се соочат за појасот на ВБЦ пред повеќе од 94.000 гледачи на стадионот Вембли. Нивната борба е оваа сабота на 23 април, со загарантиран приход за двајцата боксери од 41 милион долари!

„Џипси кинг“ официјално објави дека доколку Вајт ненадејно реши да побегне од мечот, ќе оди во рингот против својот добар пријател Паркер. Тој и Новозеланѓанецот тренираат заедно повеќе од една година, а неодамна Џозеф дури најави дека нема да го ризикува нивното пријателство поради еден појас. Сепак, се чини дека тоа ќе се промени доколку Дилиен ги шокира сите во наредните часови.

Првично се мислеше дека Џо Џојс ќе биде заменик-предизвикувач. Британецот е боксер на Френк Ворен, кој ги има и правата на Тајсон. Сепак, јасно е дека ситуацијата е поинаква.

„Тој идиот може да се префрли, да се распадне и да бега. Затоа имаме подготвен човек кој е на чекање. Тој е третиот на ранг-листата Џозеф Паркер. Ако Дилиен не се појави, не сакам дебитант, сакам некој да ми се спротивстави. Токму таков е Џозеф“, изјавил Фјури изненадувачки.

Тој е дециден дека мечот со Паркер ќе биде уште подобар од мечот со Вајт.

„Џо е поранешен светски шампион и е во Топ 5 на секоја организација. Значи имаме достојна замена за идиотот. Нема ништо лично, тоа е само бизнис. Јас и Џо ќе влеземе во рингот како пријатели, ќе ги скршиме главите, па ќе излеземе и ќе пиеме пиво заедно“, изјави Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО