Дилиен Вајт: Вајлдер може и да не се бори повеќе

Предизвикувачот на ВБЦ за привремената титула Дилиен Вајт нема да се изненади ако поранешниот носител на појасите Дионтеј Вајлдер никогаш повеќе не влезе во боксерскиот ринг.

„Бронзениот бомбардер“ ја загуби титулата од Тајсон Фјури пред една година и оттогаш не боксирал. Дилиен Вајт е една од опциите за неговиот противник во блиска иднина, но Британецот не ја исклучува можноста Вајлдер да стави крај на кариерата.

„Вајлдер ќе биде голема борба за мене, но прво мора да се опорави од сопствениот пораз. Тешко е да се вратиш после првиот пораз, откако беше толку доминантен долго време. Ние сме боксери, но и сме луѓе кои минуваат низ работи како депресија. Кој знае дали некогаш ќе се врати или ќе биде истиот боксер? Кога изгубив од Поветкин, на патот кон соблекувалната, реков дека сакам реванш“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО