Дилан Денис: Хабиб се пензионира, затоа што се плаши од Мек Грегор

Дилан Денис, кој е близок пријател и соборец на Конор Мек Грегор, има интересна теорија за повлекувањето на Хабиб Нурмагомедов.

Непоразениот Дагестанец минатиот викенд за последен пат ја одбрани титулата во Абу Даби. Орелот го победи Џастин Гејиџ во втората рунда од нивната пресметка и објави дека се повлекува од ММА со скор од 29 победи и 0 порази.

Хабиб повеќе не сака да се бори без својот татко, кој почина во јули во воената болница во Москва. Расправијата меѓу екипите на Нурмагомедов и Мек Грегор веројатно нема да заврши. Пред две години, Хабиб го принуди Мек Грегор да се предаде и да ја одбрани титулата.

Веднаш по борбата, шампионот ја прескокна мрежата и започна масовна тепачка со таборот на „Озлогласениот“. Следуваа казни и строги санкции. И додека Хабиб се повлекува затоа што и дал збор на мајка му, Денис верува дека Нурмагомедов се плаши од неговиот пријател.

„Хабиб Нурмагомедов се повлекува, затоа што се плаши од Конор Мек Грегор“, напиша Денис на социјалните мрежи, а малку подоцна го избриша стусот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON