Тајсон и Џонс во четврток ќе одржат прес-конференција

Легендите Мајк Тајсон и Рој Џонс ќе ја одржат првата прес-конференција пред нивната борба. Ова ќе се случи во четврток, 29 октомври. Мечот ќе се одржи на 28 ноември во Калофирнија. Официјално, ова ќе биде шоу, кое ќе трае 8 рунди и нема да има судии за доделување одлука. Битката ќе биде запрена ако некој од нив добие повреда.

Мајк Тајсон (54) ќе влезе во рингот за прв пат по 15 години. Тој е мотивиран затоа што сите заработени пари ќе ги донира во добротворни цели. Железниот Мајке е во серија од два последователни порази и има скор 50-6-2, со 44 победи со нокаут.

51-годишниот Рој Џонс ќе се врати по скоро тригодишно отсуство. Тој има скор 66-9 во рингот и е во серија од четири последователни победи. Рој извојува 47 победи со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО