Поранешниот борец на УФЦ Диего Санчез е хоспитализиран. Пред неколку дена се пожали дека води тешка битка со Ковид-19. Диего рекол дека има отежнато дишење, кашлица, треска и дека не можел да спие со денови. Работите се влошија и Диего е хоспитализиран.
На Социјалните мрежи „Кошмарот“ изјави дека има згрутчување на крвта на двете нозе. Сепак, Диего сè уште не е сигурен за вакцината против вирусот.
„Ковид пневмонија, никогаш не се откажувајте. Сега имам и згрутчување на крвта. Ковид не е шега. Згрутчување на крвта во двете нозе. Минувам низ оваа работа, но не можам да кажам дека сум сигурен за вакцината“, напиша Диего на социјалните мрежи.
Санчез има скор од 30-13 во ММА, а последен пат загуби пред една година од Џејк Метјуз. Тој беше отпуштен од УФЦ пред неколку месеци откако еден од неговите тренери си дозволи да ја критикува организацијата.