Злато, сребро и 4 бронзи денеска за Македонија на Балканското карате првенство

Ера Коџа се закити со златниот медал во категоријата до 59 кг кај јуниорите. Коџа во финалето на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска, славеше против Србинката Александра Милутиновиќ 4-4 со прв освоеб поен.

Коџа до златото ги совлада Дора Зугчиќ (Хрватска) 3-1, Касиани Фримаки (Грција) 6-2, Кристина Ѓоргевиќ (Србија) 6-0 и Зоја Авзнер (Словенија) 2-3.

Македонските каратисти денеска на досега завршените натпревари освоија 6 медали – 1 златен, 1 сребрен и 4 бронзени.

Стефан Стојановиќ (+84 кг, У-21) го освои сребрениот медал откако во финалето загуби од Ријад Џухо од Босна и Херцеговина 1-3. Претходно Стојановиќ славеше против Фуркан Генц (Турција) 4-2, Антон Баждариќ (Хрватска) 4-3 и Сергиос Каравунис (Грција) 3-1.

Александар Неделковски покажа дека е во форма по пласманот на седмото место на Светското карате првенство во Дубаи, денеска го освои броинзениот медал во кати во У-21.

Во борбата за бронзата славеше против Нејц Стерниша од Словенија. Александар доби оценка 25,06, а Нејц 24,88.

Андреј Басаров +70 кг кадети бронза

Матеј Белистојаноски -55 кг јуниори бронза

Марија Петровска -50 кг У-21 бронза

Вчера Ива Пецевска освои златен медал -48 кг во јуниорска конкуренција. Бронзени медали освоија: Симон Петрески -76 кг јуниори, Андреј Ангеловски  -76 кг јуниори и Рушити Реџеп -63 кадети.

На Балканското првенство настапуваат вкупно 731 натпреварувач од 13 земји.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО