Џозеф Паркер во неимпресивен меч ја одбрани ВБО титулата

Џозеф Паркер (23-0, 18 КО) во предградието на Оукленд, Манукау, прв пат ја одбрани титулата во тешка категорија на ВБО.

25-годишниот Новозеланѓанец на домашен терен со едногласна одлука на судиите го доби својот спаринг партнер на Романецот Разван Цојану (16-3, 9 КО), кој го замени задолжителниот предизвикувач Хју Фјури.

Во мечот за кој речиси сите очекува дека нема да трае сите 12 рунди, а кој во добар дел и изгледаше како спаринг, Паркер славеше 119-108, 117-110, 117-110.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО