На Конор Мек Грегор му се роди син!

На Ирската ММА суперѕвезда може да му го оттргнеме вниманието од потенцијалните натпревари во УФЦ или долгите дискусии за бокс мечот со Флојд Мејведер. Само пред неколку часа најпрепознатливото лице во мешаните боречки вештини освои нова титула – татко.

Конор Џек Мек Грегор е роден во Даблин. Синчето тежи четири килограми и е целосно здраво. Еве што вели таткото на Конор – Тони:

„Денес семејството Мек Грегор и семејството Девлин имаат одлична вест“, изјави радосно на новинарите дедото!.

„Веќе имавме еднаш можност да бидеме баба и дедо благодарение на нашата ќерка и нема попријатно чувство на светот од тоа. Родителите полудуваат од среќа и сите сме здрави и насмеани“, заврши тој.

Мајката на бебето – Диј Девлин, дури направила инстаграм акаунт на својот син, кој веќе има над 10.000 следбеници и добил знак за проверена оригинална страница. Се очекува Конор да помине што е можно повеќе време со семејството пред да се концентрира повторно на својата иднина во борбениот бизнис. Преговорите со поранешниот светски шампион во бокс Флојд Мејведер продолжуваат.

https://youtu.be/D1aC5iWf-JU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО