Дилиен Вајт удира потешко од Ентони Џошуа! До овој заклучок дојде новзеландската ѕвезда во тешка категорија Џозеф Паркер. Тој имаше можност да го осети тоа, бидејќи се сретна и со двајцата. Паркер ја загуби светската титула од Џошуа на поени. Потоа во драматичен меч го забележа вториот пораз во кариерата од Вајт. Паркер двапати го слушаше броењето за нокдаун, но на крајот на мечот за малку не го нокаутира Британецот.
Parker is rubbish omg he's bad
— Dillian Whyte (@DillianWhyte) September 23, 2017
„Вајт ме собори во нокдаун и очигледно е дека тој удира многу посилно. Имаше доста удари кои ме наосеа во пораз, но јас се спротивставував. Џошуа не ме удираше силно. Затоа му давам приоритетот на Вајт. Тој удира посилно“, изјави Паркер
https://www.youtube.com/watch?v=yfxaXLQYBzY
.