Џозеф Дафи е повреден, УФЦ во Даблин остана и без главната борба

Porier -Dafi

ММА борецот на УФЦ во лесна категорија, Џозеф Дафи, изненадувачки соопшти дека нема да може да учествува на главниот меч против Дастин Поариер на УФЦ Фајт најт-Даблин поради тоа што за време на тренинг во почетокот на оваа недела добил удар во главата.

Од УФЦ соопштија дека подглавниот настан – Педи Холохан против Луис Смолк ќе биде главен меч на вечерта.

Тренерот на Дафи, Фирас Захаби излезе со малку повеќе информации околу ситуацијата.

„Тој претрпе потрес на мозокот во последниот ден од спарингот.

Тоа е прилично сериозна повреда и верувам дека лекарите го направија најдоброто за здравјето на Џое. Недела не е доволен период за се опорави од потрес на мозокот“.

Захаби изјави дека сите негови борци прават спаринг една недела пред дуелот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО