Брајант Џенингс во декември се враќа во рингот

W

Брајант Џенингс (19-1, 10 КО) на 19 декември ќе се врати во рингот за прв пат по поразот од Владимир Кличко во мечот за светски првак во април.

Американецот (31 год.)во  Медисон Сквер гарден, каде што се бореше против Кличко, ќе се соочи со непоразениот Луис Ортиз (23-0-1 НЦ, 20 КО).

36-годишниот Кубанец се бореше минатиот викенд во подглавната борба од мечот Гловкин-Лемо, а во третата рунда го нокаутираше Матијас Видонда и ја освои преодната титула на ВБА.

Ортиз веќе ја освои привремената титула на ВБА, но по победата со нокаут во првата рунда против Латеф Кајоде беше позитивен на стероид нандролон. Треба да се напомене дека Светската боксерска асоцијација признава уште два шампиони. „Супер“ шампион Владимир Кличко и „регуларен“ Руслан Чагаев.

На настанот треба да настапи и поранешниот шампион перолесна категорија, Николас Волтерс, кој, најверојатно, ќе се бори со Џејсон Соса.

https://youtu.be/tDNr-stOZr0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО