АктуелноБоксПрофесионален

Џошуа задал два пати повеќе удари од Поветкин (ВИДЕО)

Ентони Џошуа пласираал двојно повеќе удари од Александар Поветкин за време на нивниот меч на стадионот „Вембли“ во Лондон. Британецот ги одбрани титулите со импресивен нокаут во седмата рунда.

Според статистичките податоци, шампионот има зададено 256 удари. 90 од нив биле точни, а 37 од нив биле моќни.

Поветкин имал 181 удар, од кои 47 ја погодиле целта. 43 од ударите се моќни, а тоа е единствената предност за Русинот.

https://youtu.be/gFq7Qg1L5mc

.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON