Дана Вајт: Конор и Хабиб се мразат и борбата е сериозна (ВИДЕО)

Остануваат 13 дена до битката меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор на УФЦ 229 во Лас Вегас. На прес-конференцијата лице в лице си разменија непријатни зборови. Сите со нетрпение го гледаа ова, а Дана Вајт изјави дека има голема омраза меѓу Хабиб и Конор и дека борбата ќе биде сериозна.

„Она, кое љубтелите на боречките спортови го посакуваат и сакаат е да гледаат два ѕвера кои се наоѓаат во топ форма и да се борат за појасот. Таква е ситуацијата со Конор и Хабиб. Причината за оваа битка е толку голема што е вистинска и сериозна борба, бидејќи тие се мразат еден со друг. Од една страна, непоразениот Хабиб и Мек Грегор од друга страна, кој е неверојатен.

На крајот на краиштата, тоа е она што обожавателите сакаат да го гледаат и што се продава. Двајцата се мразат и сè е сериозно за нив“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО