На крајот на помалку непријатната вечер во Кардиф, Ентони Џошуа од рингот излезе задржувајќи го совршениот скор – 20 победи од исто толку мечеви и сите со прекин.
Со новиот успех го собори рекордот на Мајк Тајсон кој имаше 19 последователни нокаути во почетокот на неговата кариера. Неговиот сонародник Френк Бруно имаше 21 последователен нокаут на почетокот на кариерата.
Џошуа следната борба ќе ја има во март или април, а потврдено е дека не го скршил носот во судирот со главите. Еден дел од публиката му свиреше на шампион на прогласувањето.
20 последователна победа ја отвора вратата на мечевите за обединување со ВБО шампионот Џозеф Паркер и ВБЦ првакот Дионтеј Вајлдер.
“Се обидов постепено да го кршам. За жал, судијата ја запре борбата. Мислам дека луѓето сакаа да го видат Такам на подот во несвест. Тоа и се обидував. Немам влијание врз одлуката на судијата“.
„Го соборив, го повредив, му ги исеков и очите, крвареше. Моите чевли и кратките шорцеви беа бели кога влегов во рингот, а сега се розови“.
„Такам му покажуваше на судијата дека очите речиси му се испаднати, зато што исечениците беа длабоки, но сакаше да продолжи по прекинот, а тоа е инстинкт на борец. Не ми беше битно дали ќе го нокаутирам или ќе одат сите 12 рунди, но луѓето сакаа да го видат онесвестен. Тоа и се обидов, но работата на судијата е да се погрижи да може да се бори и втор пат“.
„Не сакав да брзам, бидејќи тој е доста искусен. Знае колку може да издржи и сакаше да го погоди само со тој еден сладок удар и да ги однесе појасите во Франција. Среќен сум со победата и што може да продолжиме и понатаму“.
На Такам ова му беше четврти пораз во кариерата. Губеше од Григориј Тони и Џозеф Паркер, додека Александар Поветкин го нокаутира. Такам се бореше за Камерун на Олимписките игри во 2004 година, а една година подоцна се пресели во Париз.
На прашањето на новинарот на Скај спорт за средбата со Вајлдер, Џошуа рече: „Таа борба мора да дојде“.
„Сигурно. Но, ИБФ, ИБО и ВБА имаат задолжителни предизвикувачи. Не може да се борам само со кого ќе посакам јас. Како шампион треба да ги одработам своите должности и кога ќе ги исполнам мојата врата е отворена за борба со сите, било Вајлдер или кој било друг“.
„Сите видовте колку мака е потребна за да дојдам до овие појаси. Не планирам да се одречам заради никого“.
На прашањето дали порадо би се борел со Вајлдер во Велика Британија или САД, вели: „Јас не донесувам одлуки за работи надвор од рингот … но погледнете што постигнува боксот. Ни доаѓаат луѓе од цела Велика Британија и други земји и мислам дека треба боксот да ги држиме овде во Британија“.