Џошуа веќе продаде 70.000 влезници за мечот со Пулев

Фановите навлаија за да купат билети за борбата на ИБФ, ИБО и ВБА шампионот во тешка категорија со Кубрат Пулев на 28 октомври на стадионот Присипалити во Кардиф.

Иако првично зборуваше дека капацитетот за борбата ќе биде 55.000 гледачи, досега се продадени 70.000 билети.

Овој меч го собори рекордот за најбрза продажба на билети за настан на стадион надминувајќи го реваншот меѓу Мухамед Али и Леон Спинкс на Супердром во Њу Орлеанс во 1978 година.

„Уште еден неверојатен ден за Ентони Џошуа додека го зацементирува своето место како најголема ѕвезда во светот на бокс. Поддршката што ја добивме од британската јавност е неверојатна и тоа е составен дел од неговиот успех. Фановите на 28 октомври ги чека прекрасна ноќ и и се заблагодаруваме за поддршка“, рече промоторот на Џошу, Еди Херн.

Во воведниот дел од настанот во Кардиф Кал Јафаи ќе ја брани ВБА титула против задолжителниот предизвикувач во супермува категорија Шо Ишида од Јапонија. Кејти Тејлор ќе се бори за прва светска титула  против ВБА шампионката во лесна категорија Анахи Естер Санчез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО