Џошуа: Секој пат кога се борев со првак бев на висината на задчата

Ентони Џошуа ветува дека ќе биде на всината на задачата кога повторно во рингот ќе се сретне со Енди Руиз.

Мексиканецот во јуни го совлада Британецот во Њујорк со прекин во седмата рунда, му го нанесе првиот пораз во кариерата и му зема шампионсите титули во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

Реваншот ќе се одржи на 7 декември во Саудиска Арабија.

„Мора да имам пожив влез во мечот. Знам дека сум способен за тоа. Влогот е преголем. Ако влезам во рингот со вистинско темпо, може да има разлика во споредба со борбата со Руиз во која бев преопуштен“.

По првиот пораз во кариерата, 29-годишниот Британец анализирал сè. Реши да остане со тренерот Роб МекКакен и да стане двократен светски шампион со исто размислување како кога се бореше со шампионот на ИБФ Чарлс Мартин или Владимир Кличко.

„Морав да престанам да тагувам и си поставив прашања кои би очекувале да ги поставам. Луѓето велат изгуби. Јас тоа о нарекувам само мала девијација. Не чможам да дочекам повторно да влезам во рингот со него и да се борам. Секој пат кога се борев со шампион, бев на висината на задачата “.

https://www.youtube.com/watch?v=CkP7VPDEiIc
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО