Гоце Јанески ќе си ги одмери силите со најдобрите бугарски боксери во Пловдив

Гоце Јанески, кој вечера настапи во Првата и Младинската бокс лига на Македонија за екипата на Аперкат и без проблем ја доби борбата, на 28 септември ќе има нов предизвик, и тоа многу по силен од нашата лига. Тогаш Гоце во Пловдив ќе настапи за ЦСКА од Софија во најаката Ефбет лига.

Во оваа лига може да настапат само најдобрите боксери од Бугарија, и тоа само оние кои имаат освоено медал на Државното првенство на Бугарија. Јанески во полупрфесионален во 4 рунди ќе боксира со најдобриот бугарски боксер Петар Драганов (-69 кг).

Гоце во ЦСКА и Бугарија остави добар впечаток со своите настапи, така што и сега с еочекуваат добри борби од него.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО