Светскиот шампион во бокс во тешка категорија Ентони Џошуа е со 2,7 килограми потежок од Џозеф Паркер на мерењето пред нивната борба утревечер во Кардиф.
Џошуа ја закотви вагата на 109,7 килограми, што пак е со речиси шест килограми помалку од неговата тежина од последната борба со Карлос Такам. Тогаш Британецот тежеше 115 килограми.
„Почнав да трчам добро, тренирав добро, подготовките беа тешки, но се чувствувам многу добро, откако успеав да го намалам вишокот на килограми“, изјави Британецот, кој ги држи титулите во Светската боксерска асоцијација (ВБА), Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и Меѓународната боксерска организација (ИБО).
Need to double check but I think 17st 4 is Joshua’s lightest weigh in since 2014. #JoshuaParker pic.twitter.com/1iHasJZlBb
— Luke Reddy (@LukeReddy) March 30, 2018
До овој момент ниту Џошуа ниту Паркер не ја вкусиле горчината на поразот, а Британецот е со 20 победи од 20 натпревари, додека Паркер е со 24 од 24 средби. Ќе се сретнат на стадионот Принсипалити во Кардиф, Велс, со капаците од 80.000 гледачи на трибините. Се очекува мечот да започне околу 22:30 часот по македонско време.
.