Неколку дена пред големиот дуел со Владимир Кличко на Вембли, Ентони Џошуа се закани дека ќе му го нанесе првиот нокаут на Украинецот по повеќе од десет години.
Џошуа взлегува како фаворит спрема Владимир според букмејкерите и навивачите. Во 18 мечеви досега, Британецот ги нокаутира сите негови, а во рингот најмногу што издржал некој се седум рунди. Единствено Дилијан Вајт и Доминик Бризил успевале да преживеат барем седум рунди против АЏ.
Иако 41-годишниот Кличко е несомнено од највисоката класа на боксери и најсериозен противник во кариерата на Џошуа до овој момент, олимпискиот шампион од Лондон 2012 година е сигурен дека може да го нокаутира ветеранот и поранешен носител на светската титула.
„Мислам дека ќе успеам да го нокаутирам Кличко“, изјави самоуверено АЏ.
„Не сум суеверен, но имам претчувство дека ќе се случи помалку на неочекуван начин. Ќе биде нешто како контраудар, кој ќе стави крај на сето тоа. Нема да биде брзо … ќе биде потребно време, бидејќи тој е многу искусен и не е лесно да го удриш. Но, јас ќе ја откријам мојата способност и ќе ја искористам“.