Џошуа на гости кај Мурињо и Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Светскиот шампион во тешка категорија на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и Светската боксерска асоцијација (ВБА), Ентони Џошуа, се вклучи на тренинзите на Манчестер Јунајтед пред гостувањето на „Црвените ѓаволи“ на Тотенхем во 37 коло на Премиер лигата.

Иако не е по екипните спортови, Џошуа се вклучи во една од вежбите на фудбалерите и беше во средината на „пијан морков“. Секако, тој одвои време за фотографирање и разговори со ѕвездите на „Црвените ѓаволи”, а менаџерот Жозе Мурињо му подари дрес со број 1.

Потсетуваме дека во декември минатата година тројца од Јунајтед – Мемфис Депоа, Морган Шнајдерлин и Ешли Јанг – ја гледаа во живо победата на Џошуа над Ерик Молина.

https://youtu.be/j7Qp6VQXo18

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО