Демијан Маја се избори за нова борба за титулата, Алварез уверлив (ВИДЕО)

 

Демијан Маја на УФЦ 211 во Далас ја забележа седмата последователна победа и се избори за нова борба за титулата.

39-годишниот Бразилец со поделена одлука на судиите го победи Жорге Масвидал и откако по борбата во 2010 година против Андерсон Силва за појасот во средна категорија, следната борба би требало да ја има за првак во велтер категорија.

Поранешниот шампион во перолесна категорија, Френки Едгар, со леснотија го победи Јаир Родригез и ја прекина неговата серија од осум последователни победи  кои датираат уште пред да дојде во УФЦ. „Одговорот“ со граунд енд паунд го казнуваше противникот, а левото око на Родригез беше толку затворено што лекарите ја прекинаа борбата по втората рунда. Мексиканецот во претходната борба славеше против BЈ Пен.

Јоана Једрзејчик со едногласна одлука ја победи Џесика Андраде и по петти пат ја одбрани титулата во слама категорија.

Мечот меѓу Еди Алварез и Дастин Пориер беше прогласена за „Без одлука“ (No Contest ). Алварез во втората рунда беше блиску до пораз со нокаут, но успеа да се врати. По влегувањето во последната минута од втората рунда со две колена во главата го погоди Пориер кој ја држеше едната рака на подот и не беше во можност да продолжи по добиените удари. Бидејќи Комисијата на Тексас уштене ги донела новите правила, поранешниот шампион требаше да изгуби со дисквалификација, но борбата е прогласена „Без одлука“.

На Алварез ова беше првата борба по поразот од Конор Мек Грегор и губењето на титулата во лесна категорија.

УФЦ 211:
Јоана Једрзејчик – Џесика Андраде (едногласна одлука)
Демијан Маја – Жорге Масвидал (поделена одлука на судиите)
Френки Едгар – Јаир Родригез (ТКО, Р2)
Дејвид Бренч – Кристоф Јотко (поделена одлука на судиите)

Еди Алварез – Дастин Пориер (Без одлука)
Џејсон Најт – Чес Скели (ТКО, Р3)
Чејс Шерман – Рашад Култер (ТКО, Р2)
Џејмс Вик – Марко Поло Рејес (ТКО, Р1)
Кортни Кејси – Џесика Агилар (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Енрике Барзола – Габриел Бенитез (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Гаџимурад Антигулов – Јоаким Кристенсен (сабмишнм, давење од позади, Р1)

https://youtu.be/xqhLTe-vb28

https://youtu.be/x9da1CfuNhU

https://youtu.be/nb3LlRxsZv4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО