Џошуа: Мечот со Кличко ќе ми ја одреди иднината

Klicko Dzosua so prevrzana raka

Бокс ѕвездата Ентони Џошуа смета дека борбата со Владимир Кличко ќе биде од големо значење за неговата боксерска кариера.

Британецот во моментов е без пораз и на 29 април ќе се сретне со Владимир Кличко на стадионот „Вембли“ во ексклузивен меч за откажаните појаси од Тајсон Фјури.

„Мечот со Кличко може да е клучен за мојата кариера и да ја определи мојата тежина во нашата индустрија. Се обидувам да мислам дека тоа е само еден меч, но емотивно чувствувам дека ќе биде одлучувачка средба за мојата кариера. Успеав да станам шампион , но оваа борба ќе ја определи мојата тежина во нашата индустрија. Затоа е толку важен и затоа сакам да направам некои работи пред да ги почнам подготовките, за да бидам целосно фокусиран на мечот“, изјави Џошуа.

https://www.instagram.com/p/BOPOkBBjbKe/?taken-by=anthony_joshua

https://youtu.be/Xijb0DJQF_s

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО