Џошуа: Кличко не е поборник на психолошката борба

Dzosua klicko soocuvanje Njujoprk

Ентони Џошуа вели дека Владимир Кличко не е поборник на психолошките борби.

Тие ќе се сретнат на 29 април на „Вембли“ пред 90.000-на публика. Џошуа ќе ја брани титулата во верзија на ИБФ, а залог е и испразнетата титула на ВБА.

„Кличко не е поборник на психолошката борба“, изјави Џошуа.

„За три години ќе бидам премногу добар, а тој – премногу стар. Она што тој го вели е точно – сега е совршено време за овој меч“.

„Јас сум опседнат од животот и од себе. Што треба да направам за да го покажам најдоброто од себе? Се ќе се случи природно“.

Ентони Џошуа ги доби со нокаут сите 18 дуели до овој момент, како и во последниот меч кога ја одбрани титулата против Ерик Молина.

За возврат, Владимир Кличко ја загуби титулите против друг Британец – Тајсон Фјури, од кого претрпе пораз на поени во ноември 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО