Џошуа ќе се сретне со Руиз или со Хантер на 1 јуни

Американците Енди Руиз-Јуниор и Мајкл Хантер се опциите за противник на светскиот боксерски шампион Ентони Џошуа. И двајцата не се меѓу најголемите ѕвезди во рингот и имаат порази во нивните кариери. Другите четиримина на листата на промоторот Еди Херн се откажаа, а агентот на Џошуа беше особено незадоволен од одбивањето на Кубанецот Луис Ортиз.

„Тој напиша дека сака 10 милиони долари, а му понудивме 5, но тоа не е точно“, рече Херн и додаде:„Ќе му дадевме многу повеќе отколку што велат во вестите“.

Промоторот продолжи да го критикува Џарел Милер, кој беше фатен со допинг. Тоа доведе до итно барање на нов ривал за гала вечерта во Њујорк на 1 јуни.

„Имам некое искуство со американскиот бокс и можам да кажам дека проблемот со допинг е многу поголем отколку во Велика Британија“, рече Херн. „Ние правиме ненадејна проверка, додека тука има боксери кои не се тестираат, освен на денот на мечот. Имам и мои натпреварувачи кои со години не се тестирале. Воопшто не се плашат да бидат фатени. Мислам дека многу американски шампиони користат допинг, но тоа мора да се промени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО