Мек Грегор исплати долг од 61 фунта стар 15 години

Конор Мек Грегор заработи милиони, но веќе 15 години не го исплатил својот долг од едно друго време во својот живот.

Пред повеќе од 15 години, Мек Грегор имал потреба од 61 фунта, за да ги купи потребните алатки. Од тоа зависела неговата работа како водоводџија, па така Ирецот го замолил за помош својот поранешен боксерски тренер Педи Брејди. Сега, долгот конечно е вратен.

Мек Грегор, кој се повлече од УФЦ, барем за сега, сепак нема да оддели скромна сума, бидејќи Брејди нема намера да осребрява чекот.

„Тоа се парите што ми ги должи од пред 15 години. Му ги зедов алатите, кога почна да работи како водоводџија и никогаш не ми ги врати. Секој пат кога ќе го видам му велам: „Не заборавај дека ми должиш“.

https://www.instagram.com/p/BwhIeIJjS6h/?utm_source=ig_embed

„Сега чекот нема чека да биде наплатен, туку ќе биде фотографиран со двајцата и ќе се закачи на ѕидот“, изјави тренерот во салата на Брејди Фил Сатклиф.

Дури и да беше наплатен чекот, Мек Грегор немаше да го почувствува тоа на којбило начин. Компанијата за производство на виски одлично се развива, а до крајот на годината веројатно ќе заработи 30 милиони фунти.

https://www.instagram.com/p/Bwrz5uwo7yt/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО