Џошуа ќе се бори со Пулев, ако Кличко го откаже реваншот

Промоторот на шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа, Еди Херн, изјави дека ЕЏ ќе боксира со Кубрат Пулев доколку Владимир Кличко реши да се повлече од боксот.

„Ако Кличко се врати и каже дека не се враќа и дека не сака реванш меч, тогаш следен е Пулев, без сомнеж. Ни кажаа дека Кличко сака да има две недели со своето семејство и дека потоа ќе даде одговор“, изјави Херн.

Кличко во моментов е на одмор и размислува дали да ја искористи можноста за реванш меч која ја има во договорот со Џошуа. Шпекулациите велат дека можноста да се повлече 41-годишниот Украинец Кличко, кој доминираше последната деценија во тешката категорија е голема.

Пулев е следниот „задолжителен“ противник на Џошуа за ИБФ верзијата на титулата во тешка категорија, слично како што Луис Ортиз ја чека својата шанса за ВБА-трофејот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО