Лулзим Исмаили прв на турнирот „Агим Рашити“ во Косово

Лулзим Исмаили гоосвои првото место на Меѓународниот турнир „Агим Рашити“ во Гилане, Косово, со прекин во втората рунда. Исмаили (-69 кг) во сениорска конкуренција го совлада Вехар Аризај.

Преостанатите двајца боксери на Шкендија од Тетово, Шпенд Абази (-60 кг) и Сезер Алили (-64 кг), настапија во јуниорска конкуренција. Абази загуви од Дрилон Тачи од Косово 1-2, а за Алили немаше противник.  

На турнирот настапија натпреварувачи од Косово, Албанија, Чешка, Црна Гора, Косово и Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО