Џошуа: Ќе се борам со Вајлдер и ако изгуби од Фјури! (ВИДЕО)

Во пресрет на одбрана титулата светски првак во тешка категорија против Александар Поветкин на 22 септември, Ентони Џошуа е под притисок од боксерските фанови.

Љубителите на боксот бараат меч за неприкосновен првак со Дионтеј Вајлдер, кој на крајот на годината треба да се бори со Тајсон Фјури.

Притисокот е уште поголем, бидејќи Џошуа веќе го знае датумот за следната борба – 13 април, повторно на Вембли, но нема гаранција дека во случај на победа против рускиот предизвикувач ќе се бори со ВБЦ шампионот.

28-годишниот ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампион вели дека без разлика што носи иднината мечот со Вајлдер е неизбежен.

Вајлдер повтори дека ќе се бори со Џошуа во април, но не за понудените 15 милиони американски долари, туку сака поделба на добивката пола- пола.

„Ние ќе се бориме, без обѕир на се. Во истата категорија сме, во иста ера и тоа е борба што сакаат лужето да ја видат“, рече Џошуа, за Скај спорт.

„Да, ќе се бориме меѓу себе. Но, тоа е интересна ситуација. Да речеме дека ќе се случи најлошото против Поветкин, тоа и понатму не ме спречува да се борам со него. Тие и понатму ќе сакаат да се борат со мене, затоа што сме големи имиња. До борба ќе дојде без разлика на тоа кој ќе победи“.

„Ако Вајлдер изгуби од Фјури, пак би се борел со него. Истото важи и Фјури ако изгуби. Во бокс еден агол губи, другиот победува, но тоа и понатаму ќе биде борба која ја бараат луѓето- голем удирач, добро си одговараме со стилот, добро зборуваме. Секогаш ќе владее интерес за големите имиња во тешка категорија“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО