Џошуа: Го победувам Поветкин и се среќавам со Вајлдер

Ентони Џошуа најави дека по победата над Александар Поветкин ќе се сретне со Дионтеј Вајлдер. Британецот ќе ги брани светските титули на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО оваа сабота на “Вембли”.

Тој е категоричен фаворит да ја забележи 22-та последователна победа и да му го нанесе вториот пораз во 36 средби на Русинот.

„По секоја моја победа си велам дека следниот меч ќе биде со Вајлдер. Сепак, сега  сум убеден дека откако ќе завршам со Поветкин, почнувам да се поготвувам за Дионтеј. Оваа борба ќе се одржи. Без разлика дали победам или не, сакам да сретнам со Вајлдер. Кога ја започнав кариерата, тој и Тајсон Фјури беа 5 години пред мене. Ги гледав и се прашував – кога ли ќе имам можност да се  сретнам со нив? Сега е обратно – тие ме гледаат и сакаат средба со мене. Во тешката категорија еден удар ја менува историјата. Со Поветкин ќе се однесувам како и со секој друг ривал – со почит, но немам желба да чекам повеќе за меч со Вајлдер“, еруптира 28-годишниот Еј Џеј.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО