Џон Џонс може да се врати веќе за еден месец

Американската антидопинг агенција му изрече казна на Џон Џонс.

На поранешниот шампион на УФЦ му се закануваше четиригодишна суспензија заради падот на допинг тест, а УСАДА го казни 15 месеци ретроактивно, што значи дека казната истекува на 28 октомври. Во неговото тело се пронајдени траги од стероиди.

„Тешко е да се изразиш во моментот, но дефинитивно може да кажам дека моето срце е исполнет со благодарност. Би сакал да и се заблагодарам на сите кои остана со мене во најтешкиот период од мојот живот“, стои во соопштението на Џонс.

УСАДА ја прифати неговата „значајна помош“ во истрагата, а одлуката ја донесе по независна арбитража на истражителот за допин Ричард Мекларен, кој заклучи дека „Џонс до некаде сноси вина“.

„Независниот истражител откри дека Џон Џонс намерно не мамел во овој случај и мислевме дека 18 месеци е праведна казна, но со оглед на другите околности во случајот веруваме дека правдата е задоволена“, се вели во изјавата на директорот на УСАДА.

Оваа одлука се совпаѓа со гласините дека Џон Џонс може да се врати на УФЦ 230 кој се одржува на 3 ноември во Њујорк. Оваа одлука длабоко го поткопува авторитетот на Американската антидопинг агенција.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО