Џошуа до Мејведер: Земи ме во мечот за загревање! (ВИДЕО)

Шампионот во тешка категорија на светскиот бокс, Ентони Џошуа, се пресретна со Флојд Мејведер, а двајцата демонстрираа позитивен став еден кон друг.

Џошуа дури и се пошегува, прашувајќи го Флојд дали би го вклучил во фајт-картата на речиси сигурно неговиот дуел со Конор Мек Грегор.

Мани Меј пристигна на Островот, за да го следи својот борец Гервонта Дејвис кој пред неколку дена го нокаутира Лијам Волш.

AЏ праша дали 90-илјадиот „Вембли“ би бил подобро место за мечот меѓу Мејведер и Мек Грегор. Флојд му одговори:

„За мене и Мек Грегор? Не е доволно голем. За овој меч ќе ни биде потребна целата планета“.

На ова Џошуа рече:

„Земиме во дуелот за загревање. Тоа ќе биде нешто легендарно. Ќе остане во историјата“.

Погледнете ја ниванта средба:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО