Џон Џонс (23-1, 17-1 УФЦ) по втор пат стана првак во полутешка категорија на УФЦ е по втор пат го победи Даниел Кормиер (19-2, 8-2 УФЦ).
Во главната борба на УФЦ 214 во Анхајм, во третата рунда го нокаутира Кормиер во неговата трета одбрана на титулата и му го нанесе вториот пораз во кариерата.
Џонс ја доби првата рунда. Од самиот почеток корисеше широк арсенал на оружје, а Кормиер на почетокот добро враќа со два аперкати. Џонс на кратко го соборуваше Даниел, а со удари со коленото го запира неговото напредување. Завршницата на рундата му припадна Кормиер кој погодува со добро десно кроше, па соколеното во телото и со уште едно кроше во главата.
Кормиер подобро ја отвора втората рунда и Џонс не успева да го запре неговото напредување. Потоа му пука аркадата по случаен судир на главите. Поранешниот шампион во средината рундата воспостави контрола на борбата и го држи ДК на дистанца, но и погаѓа со бокс техники и со пуш кикови на коленото. На крајот на втората рунда Кормиер погаѓа со одлично десно кроше во брадата.
Во третата рунда немаше многу акции до средината на битката. ДК одеше напред и се обиде да ја скрати дистанцата кога Џонс го погоди и сериозно го здрма со лев висок удар. Џонс навали на здрманиот противник и го заврши со тежок граунд и паунд.
На Џонс ова му е првата битка од април минатата година и само трета од јануари 2015 година и првото одмерување со Кормиер.
Демијан Маја (25-7, 19-7 УФЦ) ни вториот обид не успеа да дојде до појасот на УФЦ. Седум години по борбата со Андерсон Силва за титулата во средна категорија, 39-годишниот Бразилец беше поразен со едногласна одлука на судиите
Тајрон Вудли (18-3-1, 8-2-1 УФЦ). 35-годишниот Американец трета одбрана на титулата ја одработи со сигурност, доминирајќи во борбата на нозе и запирајќи дури 20 обиди на Бразилецот за соборување.
Крис Киборг (18-1, 3-0 УФЦ) конечно доби шанса да стане шампион на УФЦ и ја икористат на нејзин начин.
32-годишната Бразилка во УФЦ 214 во Анхајм ја освои слободната титула во перолесна категорија во третата рунда нокаутирајќи ја Тони Евингер (19-6, 0-1 УФЦ).
Насловот беше испразнет од Жермен де Рандамие кои одби да се бори со Киборг.
Во првиот меч по поразот со нокаут од Тајрон Вудли и губењето на титулата во велтер категорија во јули минатата година, Безмилосниот – Роби Лоулер (28-11, 13-5 УФЦ) со едногласна одлука на судиите (29-28) го победи Доналд Кероне (32- 8, 19-5 УФЦ).
Волкан Оездемир го продолжи сензационалниот почеток на УФЦ кариерата нокаутирајќи го за 42 секунди Џими Манува.
УФЦ 214:
Џон Џонс – Даниел Кормиер (ТКО, Р3)
Тајрон Вудли – Демијан Маја (едногласна одлука на судиите, 50-45, 49-46, 49-46)
Крис Киборг – Тони Евингер (ТКО, Р3)
Роби Лоулер – Доналд Кероне (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Волкна Оездемир – Џими Манува (КО, Р1)
Рикардо Ламас – Џејсон Најт (ТКО, Р1)
Аљамеин Стерлинг – Ренан Барао (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-27, 30-26)
Брајан Ортега – Ренато Моикано (сабмишн, гилотина, Р3)
Калвин Катар – Андре Фили (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Александра Албу – Кеилин Каран (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Џаред Брукс – Ерик Шелтон (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Дру Добер – Џош Буркман (КО, Р1)
https://youtu.be/HNg073C6fW4
https://youtu.be/_M8TXeZgfTs
.